
Метео анализа на Славчо Попоски:
Територијата на Македонија како што и претходно кажав и најавив останува да биде под влијание на умерен топлотен бран од Африка кој ќе условува и понатаму да имаме летни температури на воздухот, но тие како што кажав нема да бидат премногу и екстремно високи туку до крајот на оваа недела тие ќе бидат околу просекот за овој период од годината.
Температури кои ќе бидат малку над просекот за овој период од годината ќе имаме во текот на следната седмица, односно на самиот почеток на месец јуни.
Инаку, поголемиот дел од Европскиот Континент како што веќе многу добро знаете се соочува со многу топол бран од Африка, а особено топло е во западна и во југозападна Европа со температури кои се искачуваат или надминуваат 35 степени.
Кај нас во Македонија засега нема на повидок некој екстремно топол Африкански бран и екстремно високи температури на воздухот.


