Утрински Весник
Магазин

Во близина на Фукушима се појавиле диви свињи кои брзо се размножуваат

20260527105431 big 730x400 3.webp.webp

Според ново истражување кое ги анализира последиците од нуклеарната катастрофа во 2011 година, брзорастечка популација на хибридни – мутирани свињи се шири низ напуштените области околу Фукушима, Јапонија.Истражувачи од универзитетите Фукушима и Хиросаки анализирале ДНК примероци од овие животни и откриле дека хибридите ги наследиле значајните репродуктивни карактеристики на домашните свињи, што им овозможило значително побрзо размножување од дивите свињи.

По катастрофата во Фукушима, во март 2011 година, предизвикана од разорен земјотрес со јачина од 9,0 степени и цунами, околу 164.000 жители биле принудени да ги напуштат областите погодени од радијацијата, оставајќи цели населени места празни со години. По евакуацијата, домашните свињи избегале од фармите и навлегле во околните шуми, каде што започнале да се вкрстуваат со автохтоните диви свињи. За разлика од дивите свињи, кои обично имаат едно репродуктивно размножување годишно, домашните свињи можат да се размножуваат во текот на цела година. Научниците сметаат дека токму оваа способност овозможила хибридната популација брзо да се зголеми во напуштената зона.

– Иако претходно се претпоставуваше дека вкрстувањето меѓу подивените домашни свињи и диви свињи придонесува за растот на популацијата, оваа студија покажува дека брзиот репродуктивен циклус на домашните свињи се наследува по мајчинска линија, изјавил Шинго Канеко, професор на Универзитетот Фукушима.

По заминувањето на населението, дивите свињи брзо ги населиле празните земјоделски површини и шумите во регионот поради недостиг на лов и човечка активност. Во студијата се наведува дека вкрстувањето на диви и домашни животни станува сè поголем глобален проблем за управувањето со дивите видови и заштита на природата, бидејќи може да ги наруши природните еволутивни процеси.

За подобро да ги разберат генетските карактеристики на хибридните свињи, научниците анализирале митохондриска ДНК, која се наследува по мајчинска линија, како и нуклеарни генетски маркери кај 191 дива свиња, како и од десет домашни свињи собрани во периодот од 2015 до 2018 година.

– Претпоставивме дека единствената карактеристика на домашните свињи, т.е нивниот брз репродуктивен циклус во текот на целата година може да биде клучниот фактор, изјавил коавторот на студијата, д-р Донован Андерсон од Универзитетот Хиросаки.

Истражувачите утврдиле дека хибридните животни покажуваат пониско ниво на ДНК од домашните свињи, што укажува дека со повторно вкрстување со диви свињи, гените на домашните свињи постепено се разредуваат, но и покрај тоа способни се брзо да се размножат.Хибридите исто така ја наследиле способноста на домашните свињи да се размножуваат почесто, што овозможува гените на домашните и дивите свињи побрзо да се шират низ популацијата.

Подивените свињи се сметаат за едни од најдеструктивните инвазивни видови во светот, бидејќи предизвикуваат сериозни штети врз земјоделските посеви, добитокот и екосистемите. Според податоците на Министерство за земјоделство на САД,штетите што ги предизвикуваат подивените свињи чинат околу 3,4 милијарди долари годишно само во Америка.Научниците сметаат дека случајот во Фукушима може да им помогне на службите за заштита на дивиот свет подобро да разберат како се размножуваат хибридните животни и колку брзо нивните популации можат нагло да се зголемат во соодветни услови.

Можете да прочитате

Како да ја вратите мотивацијата, фокусот и чувството за контрола врз секојдневниот живот

Најевтините и најскапите градови во Европа за туристите

Трик со мобилен открива крлежи за секунди – малкумина знаат за оваа функција