Утрински Весник
Македонија

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал

Bebe detelinka 1024x714 1.jpg

Природниот прираст во првиот квартал годинава е негативен и изнесува – 1.962, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). 

Според податоците на ДЗС, природниот прираст е негативен во 66 општини.


Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период  лани бројот на живородени деца изнесува 3.380 и е намален за 4.1 проценти.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од годинава бележи намалување од 1 процент во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5.342 лица, а од нив девет се доенчиња.

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол