Утрински Весник
Македонија

Евростат: За три години населението во Македонија се намалило за над 14.000 лица

Macedonia square skopje.jpg

Податоците на Евростат за Северна Македонија покажуваат дека во последните три години населението се намалило за 14 500 луѓе, односно од 1.837.114 во 2022 година, на 1.822.612 во 2025 година.  

Што се однесува пак до ЕУ, таму е забележан раст на вкупното население.


Во ЕУ, околу 14 милиони луѓе или 3% од популацијата живеат во различна држава од земјата во која се родени. 

 Европската Унија во 2025 година била дом на 451 милион луѓе, што е за еден милион повеќе споредено со 2024 година.  Шест проценти од популацијата во ЕУ била постара од 80 години, а медијанската возраст е зголемена од 39,6 во 2005 на 44,9 години во 2025. 

Според последните проекции на Евростат населението на ЕУ се очекува да се намали за 11,7% до 2100 година, што значи 53 милиони луѓе помалку до стартот на следнот век. Според проекциите, населението на ЕУ се очекува да расте во следните три години достигнувајќи го пикот од 453,3 милиони во 2029 година, по што ќе почне да се намалува постепено до 398,8 милиони во 2100 година. 

Она што е интересно е дека , две третини од населението во ЕУ живее во пет земји – Германија (84 милиони), Франција (69 милиони), Италија (59 милиони), Шпанија (49 милиони) и Полска (36 милиони).

Најмалку население имаат Малта со 574 илјади луѓе или 0,1 проценти од вкупното население во ЕУ, Луксембург 682 илјади и Кипар 983 илјади жители. 

Можете да прочитате

Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи при Министерството за внатрешни работи

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии 

Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение