Утрински Весник
Скопје

Ќе се затвори јамата на градилиштето каде се појави свлечиште

Gkgk.jpg

Во законската регулатива не постои задолжение за изведба, за проект за заштита на градежни јами и токму од тука настануваат сите проблеми како овие, изминатите два-три месеца, изјави денеска деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски.

Како што оцени, сите институции во својот домен треба да го направат она што е потребно


–Сметам дека треба да се разбудиме, треба сите институции во својот домен да го направат она што е потребно, а ние како Градежен факултет и фела, тука сме да ги дадеме нашите согледувања и инструкции – што е неопходно да се направи за да вакви состојби не се повторуваат во иднина – рече Јосифовски.

Најбитната е, истакна Јосифовски, да се затрупа градежната јама и да се врати во првобитна состојба, па потоа да се бараат решенијата, за што се согласиле и градоначалникот и инвеститорот

Можете да прочитате

Левица: Пливачите ја плаќаат цената за криминалните концесии на власта

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“

Ѓорѓиевски тргнува по сите скопски општини и ќе ги решава проблемите на лице место!