Утрински Весник
Македонија

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац

Img 5941.jpeg

Како држава сè уште нема точна евиденција за вкупниот број на службени возила, ниту пак се знае колку од нив се целосно нефункционални и неупотребливи. Ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го откри директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски.

Томовски посочи дека институциите со години немале систематизиран увид во државниот возен парк, поради што дел од службените автомобили биле оставени да пропаѓаат без никаква намена или корист.


Тој информираше дека СОЗР веќе започнала процес на расчистување на нефункционалните возила, при што досега биле расходувани повеќе од 100 автомобили кои со години стоеле на плацовите на службата.

„Расходувани се точно 104 возила во нашата институција кои едноставно ‘седеа’ на плац. Направивме проценка, објавивме јавен тендер и сите ги продадовме. Станува збор за возила со нула вредност, односно хаварисани автомобили, па затоа и самиот тендер гласеше: ‘продажба за старо железо’“, истакна Томовски.

Според него, со оваа постапка не само што бил ослободен простор во рамките на службата, туку бил затворен и еден долгогодишен проблем поврзан со несоодветното управување со државниот имот.

Томовски оцени дека ваквите примери покажуваат колку е потребна целосна евиденција и контрола врз службените возила, со цел да се спречат идни злоупотреби, дополнителни трошоци и негрижа кон државниот имот.

Можете да прочитате

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила

Томовски: Со чести автобуски линии и поддршка од агенциите го спасуваме „Македонско село“ од пропаѓање

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба