Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

Fatmir bitici sdsm 2.jpeg

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција во Собранието, предупреди дека новото задолжување на Владата од 260 милиони евра, ќе чини многу поскапо земјаќи ја предвид високата камата, при што само за камати државата ќе плати  58 и 64 милиони евра. Битиќи посочи дека цената за ваквото скапо задолжување ќе ја платат граѓаните уште пред да се почувствува каков било економски ефект.

„Според актуелниот шест-месечен ЕУРИБОР од 2,562% и договорената маржа од 2,10 процентни поени, овој заем во моментот би чинел околу 4,66% годишно. Во зависност од конечниот распоред на отплата, државата би платила приближно меѓу 58 и 64 милиони евра само за камати, а со еднократниот надоместок од 3,64 милиони евра, директниот финансиски товар се движи од 61 до 67 милиони евра, без дополнителните агенциски и други трошоци. Ова е реалната цена што граѓаните ќе ја платат уште пред да почувствуваат било каков економски ефект”, рече Битиќи.

Воедно, Битиќи укажа дека парите од новото задолжување нема да бидат искористени за подобрување на животниот стандард на граѓаните, туку за криминалните тендери на Владата.

„Најстрашно е што овие пари не одат кај граѓаните, не одат за повисок стандард, туку за партиски тендери, омилени фирми и луксузирање на власта. Затоа СДСМ како што најави ќе се спротивстави на ова задолжување”, рече Битиќи.

Тој додаде дека за само две години, Владата на Мицкоски созде рекордно ниво на нов долг.

„За само две години Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, а јавниот долг се зголеми на историски највисоки 11 милијарди евра, долг што ќе го плаќаат идните генерации”, рече Битиќи.

Можете да прочитате

Загина мотоциклист по судир со товарно возило на патот Штип–Делчево

Тошковски – Рокас: Продолжува силната поддршка на ЕУ за реформите и јакнењето на капацитетите на МВР

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа Договор за стратешка соработка меѓу двете земји