Утрински Весник
Македонија

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Manasievski 13.jpg

Интегрален текст од прес-конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, ви благодарам за вниманието.

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови.

Филипче е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата.

Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.

Филипче е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата.  

Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера.

Можете да прочитате

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово