Утрински Весник
Македонија

Ренџерите од Маврово го извлекоа повредениот планинар од Кораб

Img 5342.jpeg

Повреден планинар денеска беше успешно спасен на планината Кораб, откако преку Единствениот број за итни повици 112 била примена пријава дека поради повреда не е во состојба да се движи.

Како што соопшти Центар за управување со кризи, веднаш по добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи Тетово започнал координација со СВР Тетово, Полициската станица Маврово и Национален парк Маврово, со цел брза интервенција на терен.


Ренџерите од Националниот парк успеале да го лоцираат повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба. Потоа започнала акција за негово безбедно спуштање кон селото Жужње.

Во селото планинарот бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар, по што бил транспортиран на понатамошен медицински третман.

Од ЦУК информираат дека благодарение на брзата реакција и координацијата меѓу сите надлежни служби, спасувачката акција завршила успешно, а повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Пријавени 70.185 лица за вакцинација против грип, досега вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи

Мојсоска: ДПМНЕ им брои залаци на студентите, а милион евра троши за владини настани