Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Уште 9 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Уште само 9 дена остануваат до 1. јуни – рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда.

9 дена до уште едно неисполнето ветување.

9 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија.

Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само две, делумно. 

Сега, за неколку дена требаше да се завршат осум.

Тоа не е реформа. Тоа е лага.

Мицкоски не ги исполнува реформите затоа што не сака да ги исполни. 

Не сака независно судство, не сака Европско јавно обвинителство и не сака да ги внесе малцинствата во Уставот. 

Затоа што тоа би значело правда и крај на неговата криминална група.

Наместо европски пат, тој нè води во изолација.

Наместо реформи – нови лаги и нови одложувања.

Уште 9 дена се доволни за да се види вистината: Мицкоски не сака ЕУ. Тој сака власт без контрола.

Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.

Можете да прочитате

ХЕРА го отвори вториот Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас