Утрински Весник
Македонија

Мицкоски за аферата со шпионажа во кабинетот на Давкова: Тоа се глодари кои треба да ги заборавиме

59329881 fdb2 d626 3163 20d4b8ccc432.jpg

Премиерот, Христијан Мицкоски, даде краток коментар во врска со аферата за шпионажа во кабинетот на претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова. Тој кусо рече дека станува збор за „глодари“ и за „шпионски талог во општеството“. Мицкоски го спомена и шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, за кој рече дека шири паника во јавноста.

„Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму, и тие се претставуваат како поранешни вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителствата. Се разбира, таму е Ислам Абази да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало“, рече Мицкоски.


Тој додаде дека повеќе не би ги коментирал лицата, кои ги нарече глодари.

„Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Турските државјани фатени при обид нелегално да излезат од земјава

Припадниците на Логистичката база го одбележаа 20 Мај – Денот на Логистичката база

Муцунски: ЕК стави на располагање 65,7 милиони евра за државата – највисок износ во регионот