Утрински Весник
Свет

Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод

13999180.webp.webp

Русија и Кина во голема мера постигнаа согласност за основните параметри на проектот за гасоводот „Силата на Сибир 2“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Претседателот денеска за време на преговорите соопшти дека генерално постои согласност за главните параметри на „Силата на Сибир 2“. Ова се однесува како за маршрутата, така и за начинот на кој ќе се гради, изјави Песков пред новинарите. Тој истакна дека останува да се допрецизираат уште некои детали, но дека генерално веќе постои разбирање меѓу двете страни.


Портпаролот на Кремљ не соопшти прецизен рок за реализација на овој проект.

Сè уште нема целосна јасност околу роковите. Ова сепак е комерцијална информација. Но, и ова е доволно големо постигнување – нагласи тој.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа