Утрински Весник
Свет

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан

20260520073101 big 730x400 16.webp.webp

Најмалку десет лица, меѓу кои три жени и три деца, загинаа во израелски воздушен напад во јужниот дел на Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

„Израелски воздушен напад врз градот Деир Канун ал Нахр во округот Тир, според првичните информации, резултираше со десет загинати, меѓу кои три деца и три жени, како и тројца повредени, вклучително и едно дете“, се наведува во соопштението на Министерството, од каде нападот е опишан како „масакр“.

Во Либан е во сила прекин на огнот меѓу проиранското движење Хезболах и Израел.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа