Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Почитувањето на Законот за јазиците не е прашање на добра волја, туку уставна и законска обврска

Dui.webp.webp

Соопштение за јавност на ДУИ:

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ  дека Владата бара „законско решение” за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците.


Проблемот не е во недостаток на законско решение. Решението веќе постои во самиот Закон за употреба на јазиците, поточно во член 23, кој јасно предвидува дека сите други закони мора да се усогласат со овој закон во рок од 12 месеци од неговото стапување во сила. Тоа значи дека не постои потреба од „ново решение”, туку единствено обврска за спроведување на постојниот закон.

Секој обид да се бараат паралелни или алтернативни решенија надвор од член 23 претставува директен удар врз принципот на универзалност на Законот за јазиците и обид тој да се сведе на селективна и ограничена примена.

ДУИ ќе се спротивстави на каква било интерпретација или законска интервенција со која Законот за употреба на јазиците ќе се става подредено на други закони или ќе се отвора пат за негово селективно спроведување.

Почитувањето на Законот за јазиците не е прашање на добра волја, туку уставна и законска обврска.

Можете да прочитате

Македонски возач во притвор по несреќа со Брза помош во Србија

Клековски: Да нема „слободни јавачи“ на епидемијата – Пановски му возврати да ги предупреди медиумите да не го бараат

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт