Утрински Весник
Македонија

Приведен дилер од гостиварско за издржување 18-месечна затворска казна

Policijaapsenje.jpg

На 18.05.2026 во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле В.А.(52) од село Неготино.

Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.


Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можете да прочитате

Вооружено разбојништво во Чаир: Тројца одзеле пари од обложувалница

Димитриевски: Додека ЗНАМ е во Владата, правосудниот испит ќе се полага на македонски

Во скопски Карпош уапсен крадец на велосипеди