Утрински Весник
Македонија

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против македонско државјанство за функционерите, а „за“ нов долг од 260 милиони евра

Slavjanka1 1 1170x705 1.jpg

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, остро реагираше откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од владејачкото мнозинство во Собранието не ги поддржаа предлозите што, како што наведува, директно се однесуваат на интересите и потребите на граѓаните.

Петровска посочи дека власта гласала против предлогот членовите на Владата да имаат само македонско, а не и бугарско државјанство, но и против финансиска и институционална поддршка за повеќе ранливи категории.

„ВМРО-ДПМНЕ гласаше против поддршка за учениците што се натпреваруваат на меѓународно ниво, против подобра здравствена и медицинска поддршка за децата со попреченост и лицата со ретки болести, против помош за најранливите граѓани во време на скапотија, како и против олеснувања за паркирање за лицата со попреченост, аутизам и нивните семејства“, наведе Петровска.

Таа обвини дека, додека овие мерки не добиле поддршка, владејачкото мнозинство „експресно“ гласало за ново задолжување од 260 милиони евра.

„Кога треба да се покаже патриотизам на дело — молчат. Кога треба да се расчисти кој со какво државјанство ја води државата — гласаат против. Кога треба нов долг — тогаш се први“, порача Петровска.

Според неа, ваквиот однос на власта покажува лицемерие и двојни аршини, наместо вистинска грижа за граѓаните и за државните интереси.

„Ова не е патриотизам. Ова е лицемерие“, истакна Петровска.

Можете да прочитате

Брат и сестра се тепале па меѓусебно се пријавиле во полиција

Нападната и повредена девојка пред дискотека во Карпош

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители