Утрински Весник
Економија

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“

Rajan er.webp.webp

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека невозможни се условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник Рајан ер да влезе на македонскиот пазар. Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. 

-Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада – рече Николоски.


Како што кажа, барањето на „Рајан ер“ е 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за скопскиот аеродром, приоритетно да се опслужуваат нивните аеродроми, да не се користат никакви услуги на скопскиот и охридскиот аеродром, а компанијата има дури и сопствени скали во авионите.

-Барањето е да ги откажеме и дел од дестинациите кои што ги имаме – рече Николоски, кој беше на настан за отворање на градски пазар во Виница.

Можете да прочитате

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани

Мицкоски за ребалансот на Буџетот: Се уште траат консултациите помеѓу Министерството за финансии и ресорите

Лидл Северна Македонија продолжува со инвестиции, нови вработувања и развој на домашната економија