Утрински Весник
Скопје

ДПМНЕ и ЗНАМ избегнуваат дебата – Вистината за врсничко насилство во Ѓорче на редовна седница, велат од Левица

Levica.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

Барањето на една третина од советниците во Советот на Општина Ѓорче Петров за одржување на вонредна седница, со единствена точка на дневен ред, „Превенција на врсничко насилство во Ѓпрче Петров со посебен осврт на настанот со малолетничко насилство случен во реонскиот парк Ѓорче Петров” наместо да биде разгледано на посебна седница, е вметнато како точка на дневен на редовната седница на Советот, закажана за 21 мај во 9:30 часот.


Од Левица реагираат дека претседателката на советот постапила спротивно на Деловникот за работа, бидејќи, како што наведуваат, на барање поднесено од една третина од советниците требало да биде свикана вонредна седница. 

„Очигледно претседателката се обидува да го затскрие случајот со малолетничкото насилство. Коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ се обиде да ја избегне точката на дневен ред на деветата седница затскривајќи се зад воздржано гласање. За ДПМНЕ и градоначалникот Стојкоски приоритет се партиските вработувања во основните училишта, занемарувајќи ја безбедноста на децата”, велат од Левица.

Партијата најави дека на претстојната седница ќе предложи конкретни мерки и заклучоци со цел превенцијата на детското насилство и булингот во училиштата да се издигне на приоритетно институционално ниво.

Можете да прочитате

Скопје по 11-ти пат домаќин на глобалниот хуманитарен мото-настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“

14-тото издание на спортскиот настан „Прв до врв“

Дел од Стара Чаршија без струја