
Во синоќешниот масовен напад со беспилотни летала врз Москва и околината загинаа најмалку три лица, а 12 се повредени, соопштија руските власти без да наведат кој ги извршил нападите.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин соопшти дека руската противвоздушна одбрана соборила најмалку 74 дронови во текот на ноќта, а над 120 во изминатите 24 часа.
Во нападите врз други руски области повредени се четири лица и предизвикана е материјална штета на станбени згради и инфраструктурни објекти.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски пред два дена изјави дека Киев има право да ги напаѓа руските нафтени и воени објекти, како одговор на смртоносниот напад врз Киев на 14 мај, при што загинаа најмалку 24 луѓе.


