Утрински Весник
Свет

Маѓар: Завршува четиригодишната вонредна состојба во Унгарија поврзана со војната во Украина

Magar.webp.webp

Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот  Петер Маѓар, цитиран од MTI.

„Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста“, рече Маѓар.


Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија и Украина, парламентот ја продолжуваше неколку пати, а неодамна до вчера.

По победата на ТИСА на парламентарните избори во Унгарија на 12 април, Маѓар првично сакаше вонредната состојба да продолжи до 31 мај за да се овозможи време за законски прилагодувања. Наместо тоа, на 9 мај, унгарскиот Парламент донесе нов закон со кој декретите за вонредна состојба се претворија во трајно законодавство кое ќе стапи на сила откако ќе се укине вонредната состојба.

Во текот на изминатите четири години, во рамките на вонредната состојба беа издадени повеќе од 170 владини декрети.

Можете да прочитате

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормуска Теснина

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

Шји предупреди на конфликт околу Тајван за време на разговорите со Трамп во Пекинг