Утрински Весник
Економија

Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени

20260514110436 big 730x400 15.webp.webp

Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега приоритет. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, а нејзиниото евентуално зголемување може да предизвика катастрофални последици поради структурата на стопанството, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”.

Компаниите, додаде Азески, сигнализираат дека се крајно исцрпени и во исчекување со оглед на неизвесноста во глобални рамки.


– Мислам дека државата уште има свои механизми со кои може да ја контролира ситуацијата пред да дојде некоја работа за која треба да се интервенира со мерки. Ние сме во секојдневна комуникација со Владата, и преку нашите асоцијации и преку нашите органи. Инфлацијата е најголемото зло што може да ѝ се случи на една држава и затоа, ќе бараме сè што е можно да се држи под контрола, да се искористат сите механизми, зашто ако дојде во нашето стопанство, заради неговата структура, ќе има тешки, катастрофални последици. Мислам дека треба да направиме сè, сите надлежни институции, да не дозволиме ескалирање на состојбата, барем во делот каде што можеме да влијаеме, кај неувезената инфлација, нагласи Азески.

Компаниите, додаде, ја чувствуваат опасноста која може да дојде.

– Треба да се има предвид временскиот период што не зависи од нас. Ова е глобално прашање и мислам дека ние тука ќе бидеме само колатерална штета. Да се надеваме и да бидеме оптимисти дека нема да дојде до најлошото сценарио, а тоа е, да завршат со преговорите оние што сега се решаваат во ОН. Тоа ќе го смири бизнисот, ќе ја смири инфлацијата, ќе ги смири сите негативности што во овој момент се присутни, подвлече претседателот на Стопанската комора.

Можете да прочитате

Регионалната конференција на ФАО за Европа ја истакна отпорноста и инклузивноста во услови на климатски, економски и геополитички предизвици

Николоски: Доброто планирање е клучно за реализација на капиталните инвестиции

Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9 %