Утрински Весник
Македонија

Чучуљ: Не би ја коментирал одлуката за случајот со мазутот, ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството

20260514114706 big 730x400 64.webp.webp

ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството.


– Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со мазутот, имајќи предвид дека Државната комисија не е надлежна да се меша во работата на Овивнителството. Ние сме на став дека треба да има поголема соработка на ваквите тела, како Комисијата со Обвинителството, особено и во фазата на подготвување на иницијативите, за тие да бидат поиздржани, истакна Чучуљ, одговорајќи на новинарско прашање, дали е изненаден од ваквата одлука на Обвинителството.

И во врска со иницијативата на ДКСК за случајот со мазутот која беше отфрлена, Чучуљ потенцира дека таква е одлуката на Обвинителството.

-Тоа е одлука на Обвинителството, а и иницијативата беше од претходниот состав на ДКСК. Не би се впуштал да ја коментирам одлуката на Обвинителството, нагласи претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Можете да прочитате

Спасовски: Катастрофата во Гостивар е уште една потврда за нефункционалниот систем под оваа власт

Трет ден продолжува  стабилизирањето на состојбата со гастроентеритис во Гостивар – бројот на нови прегледи намален за 41 отсто

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер