Утрински Весник
Скопје

СДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на Лукровски

Panta oo sdsm karpos.jpg

Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски – Панта, претседател на ОО СДСМ Карпош

Почитувани,


После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ.

Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група.

Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање фирми.

Градоначалникот Сотир Лукровски исчезна токму кога на граѓаните им е најпотребна одговорна и присутна локална власт.

Карпош денес е симбол на застој, нефункционалност и институционален хаос.

Општината е закочена, проектите стојат, а граѓаните се оставени без одговори.

Во меѓувреме, граѓаните на Карпош оправдано прашуваат:

Дали е доведено целосното функционирање на општината?

Дали се доведени во прашање платите на вработените во Општина Карпош во следните месеци?

Дали вработените треба да стравуваат за својата егзистенција поради неспособноста, неработењето и хаосот што го создаде локалното раководство?

СДСМ бара ИТНА вонредна седница на Советот на Општина Карпош.

Граѓаните имаат право да знаат во каква состојба се наоѓа општината, кој носи одлуки и кој ќе понесе одговорност за хаосот што се создаде.

Ова не е само личен неуспех на Сотир Лукровски. Ова е уште едно погрешно кадровско решение на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, чија цена денес ја плаќаат граѓаните на Карпош.

Затоа јавноста оправдано прашува:

Дали ВМРО и Христијан Мицкоски повторно ќе им се извинуваат на граѓаните за уште една катастрофална кадровска одлука?

Доколку градоначалникот не е подготвен или не е способен да ја води општината, тогаш единствено чесно решение е оставка и распишување вонредни локални избори.

Карпош не смее да биде жртва на политичка суета, неспособност и бегање од одговорност.

Граѓаните не бараат изговори.

Бараат работа.  Бараат локална власт што ќе биде меѓу народот, а не скриена од јавноста додека општината тоне во хаос и безредие.

Карпош заслужува повеќе. Карпош заслужува функционална, чесна и одговорна локална власт.

Можете да прочитате

По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје