Утрински Весник
Балкан

Вучиќ до Брисел: Отворете го Шенген за Западен Балкан

Vucic4.jpg

Српските власти од Брисел испратија силна порака до Европската унија, барајќи побрза интеграција на Западен Балкан и отворање на Шенген зоната за земјите од регионот.

Александар Вучиќ порача дека тврдите граници го кочат економскиот развој, туризмот и движењето на луѓето, оценувајќи дека Балканот мора побрзо да биде вклучен во европските процеси.


Според српските претставници, отворањето на Шенген за регионот би донело огромен економски бенефит и полесно функционирање на компаниите и граѓаните, без да се загрози безбедноста на Европската унија.

Од Белград повторно беше потенцирано и барањето за побрзо проширување на ЕУ кон Западен Балкан, во време на големи геополитички промени во Европа и светот.

Можете да прочитате

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан

Потегот на Мицкоски во Албанија оценет како провокација кон Грција

Хрватскиот министер за туризам: Време е да ги намалиме цените за 10 до 20%