Утрински Весник
Македонија

Тошковски од Куманово: Хероите од „Диво Насеље“ вечно ќе живеат во колективната меморија на македонските граѓани

Toskovski od kumanovo xeroite od divo naselje vecno kje ziveat vo kolektivnata memorija na makedonskite gragjani image.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово присуствуваше на одбележувањето на 11-годишнината од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“, во чест на осумтемина припадници на македонската полиција кои ги загубија своите животи во терористичката акција во 2015 година.

Министерот Тошковски положи свежо цвеќе на спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово, посветено на загинатите полициски службеници – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ.


Во рамки на одбележувањето, министерот присуствуваше и на меморијалниот турнир во мал фудбал „Хероите живеат вечно“, организиран во чест на нивната жртва, храброст и љубов кон татковината.

„Тие беа храбри припадници на македонската полиција кои во најтешките моменти застанаа во одбрана на државата, безбедноста и мирот на граѓаните. Нивната жртва останува врежана во колективната меморија на македонските граѓани како симбол на чест, достоинство и непоколеблива храброст.
Нашата обврска е никогаш да не ги заборавиме и достоинствено да го чуваме споменот за нив. Македонија вечно ќе им биде благодарна.“, истакна министерот Тошковски.

Можете да прочитате

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака да го надмине Заев во предавствата