Утрински Весник
Македонија

Денешниот ден ни носи пообилни врнежи, грмежи и можност за невреме

Meteoalarm.mk 5.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на влажна  и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот на ден 8 Мај 2026 Петок во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и очекувам да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.


Локално пак ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер  и со услови за појава на невреме проследено со електрични празнења  и со услови за појава на град.

Во Скопје  и околината исто така денот Петок 8 Мај 2026 носи облачно и врнежливо време а во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени  а во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Да напоменам дека поради поизразеното јужно воздушно струење, од Сахара кон територијата на Македонија се врши транспорт на прашина  и на песок па токму поради ова Атмосферата ќе биде заматена  и нечиста а дождот кој го очекувам ќе  биде валкан и помешан со Сахарската прашина  и песок.

Можете да прочитате

Два тона небезбедна храна се продавале во нехигиенски услови на пазар во Ченто

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Му го грабнале пиштолот на полицаец, бегале со БМВ и завршиле во банкина на автопат

Голема сајбер-операција на МВР и ФБИ: Разоткриен 20-годишник кој администрирал криминална интернет-платформа