Утрински Весник
Свет

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

20260508073647 big 730x400 30.webp.webp

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин што биле транспортирани со товарен брод во близина на бреговите на Африка, соопштија вчера судските власти, јави ДПА.

Шпанските власти нагласија дека ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за пресретнување на бродот е спроведена во соработка со американските власти и со холандската полиција.


Вредноста на запленетата дрога изнесува над 812 милиони евра, соопштија судските власти на шпанските Канарски Острови. Судија на Канарските Острови веќе им одреди мерка притвор на сите 23 членови на екипажот на бродот што го превезувал кокаинот.

Можете да прочитате

Зеленски ги повика странските претставници да не присуствуваат на парадата на 9 мај во Москва

САД и Иран меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето во Ормуската Теснина

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини