Утрински Весник
Економија

Инфлацијата во април близу шест проценти

Marketprazen.jpg

Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %, објави Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. 


Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, спорт и култура за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Облека и обувки, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги и Информации и комуникации за 0.6 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.4 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Здравствена заштита и Услуги за образование за 0.3 %.

Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.

Можете да прочитате

Одржана седница на Советот на Народната банка – усвоен Кварталниот извештај со ревидираните макроекономски проекции

ИСОС повторно ја обедини професијата од регионот: Сметководството преминува од бројки кон влијание

НБРМ: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика