
Извор што илјадници години наназад го користеле Абориџините од Западна Австралија и што го сметаат за свет, пресушил за прв пат во историјата, а домородното население во областа Роуб Ривер Курума ја обвинува компанијата „Рио Тинто“ за години на неодржливо црпење вода.

На годинашната средба на „Рио Тинто“ во Перт денеска присуствуваа и таканаречените „традиционални сопственици“ на областа Роуб Ривер Курума, на чија земја оваа компанија ископува железна руда.
Претставникот на Роуб Ривер Курум, Џејсон Мастерс, рече дека прекумерните црпења вода од страна на компанијата предизвикала непоправлива штета на традиционалното земјиште во регионот Западен Пилбари и побара од „Рио Тинто“ да ја намали потрошувачката на вода.
„Ова е местото каде што е родена мојата баба, свет траен извор на вода што ја задржал водата низ секоја суша што нашите древни можат да ја запомнат, а сега за прв пат во познатата историја, тој пресушил“, рече тој.
„Дури и по обилните дождови предизвикани од циклонот Нарел, денеска изворот е сув“, рече тој, додавајќи дека старите речни еукалиптуси околу блискиот водоводен систем се исушиле.
„Рио Тинто“ и федералната влада градат постројка за десалинизација вредна 1,1 милион австралиски долари (678.000 евра) која треба да почне со работа подоцна оваа година и да испорачува осум гигалитри вода годишно како дел од плановите за намалување на потрошувачката на вода.
„Правиме сè што можеме за да се обидеме да ја вратиме водата во системот и тоа го правиме со полна пареа“, рече претседателот на „Рио Тинто“, Доминик Бартон, на годишниот состанок.
„Кога станува збор за неповратно влијание и штета, искрено сме подготвени да разговараме со вас за тоа што можеме да направиме за да помогнеме во справувањето со нив.“


