Утрински Весник
Македонија

Излегувањето во кафулињата и рестораните станува се поскап за граѓаните

Restoran 1.jpg

Цените во угостителскиот сектор во Македонија продолжуваат да бележат раст, покажуваат најновите податоци на Државен завод за статистика. На годишно ниво е регистрирано зголемување од околу 3,4 проценти, што укажува на континуиран притисок врз цените во рестораните, кафулињата и хотелите.

Според анализата, во јануари 2026 година, во споредба со истиот месец лани, услугите во угостителството се поскапи, додека на месечно ниво растот е умерен и изнесува околу 0,2 проценти.


Најголемо влијание врз поскапувањето имаат храната и алкохолните пијалаци, кои бележат раст од 0,3 и 0,2 проценти на месечно ниво. За разлика од нив, кај безалкохолните пијалаци и ноќевањата не се забележани значајни промени.

Податоците покажуваат дека трендот не е краткорочен. Во текот на 2025 година, во споредба со 2024 година, цените на угостителските услуги пораснале за околу 4,8 проценти, што укажува на подолгорочен тренд на поскапување.

Овој раст доаѓа како резултат на пошироки економски притисоци – зголемени трошоци за енергија, суровини и работна сила, кои директно се прелеваат во крајните цени што ги плаќаат граѓаните.

Иако процентуално растот изгледа умерен, во пракса тоа значи дека излегувањето во кафеана или ресторан станува сè поголем товар за домашниот буџет. Според економските анализи, ваквиот тренд најверојатно ќе продолжи и во наредниот период, особено доколку инфлациските притисоци останат присутни.

Можете да прочитате

Уставен суд поведе постапка за нееднаков третман при добивање на еднократна парична помош за новороденчиња 

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза

Кога законите стануваат алатка за дерење кожа на граѓаните