Утрински Весник
Македонија

Крадец се заглавил на портата на црква во Кочани

Kradec crkva.jpg

Вчеравечер, во црковниот храм „Св. Великомаченик Георгиј“ во Кочани, бил регистриран обид за кражба. Непознат сторител се обидел насилно да влезе во внатрешноста на верскиот објект, но откако не успеал да ја разбие вратата, се дал во бегство.

Интервенција на службите за спасување При обидот да ја прескокне металната ограда што го опкружува храмот, мажот се заглавил меѓу шилците. На лице место морале да интервенираат неколку служби за да го извлечат.


Инцидентот се случил во ноќните часови, непосредно пред одбележувањето на храмовата слава на црквата „Св. Великомаченик Георгиј Победоносец“. Овој чин предизвика остри реакции и вознемиреност кај верниците и жителите на Кочани, особено поради периодот на празнично чествување.

Можете да прочитате

Можно е евтина дневна тарифа од четири наместо два часа и во двата дена од викендот, вели Ристов

Филипче до Мицкоски: За 2 години ниту едно ветување не исполнивте, ги излажавте граѓаните

ДЗР: МЕПСО со раст на приходи, но со неправилности во управувањето со имотот, инвестициите и човечките ресурси