Утрински Весник
Македонија

Возач на мотор повреден по сообраќајка во Бутел

Motor motociklist soobrakjajka.jpg

На 05.05.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува бул.„Христијан Тодоровски- Карпош” и ул.„Бутелска” во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „смарт” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ш.(32) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(29) од Радишани, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.


Можете да прочитате

Марихуана наместо храна, перници и јоргани – разоткриена шверцерска рута преку Табановце

Гужви на бензинските по објавувањето на новите цени на горивата

Притвор и кривични по крвавата пресметка во Аеродром – двајца тешко повредени