Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Партијата од „Соравија” и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир!

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ДУИ повторно го пушти стариот филм на клевети бидејќи вистината премногу ги боли. Народот вели: каде што те боли забот, таму оди јазикот. На ДУИ им пречи Изет Меџити затоа што тој, заедно со народот, ги испрати во историјата и го скрши нивниот 20-годишен монопол на уцени. 


Нека запомнат добро: Изет Меџити не е производ на канцелариски сплетки и милувања од Али Ахмети. Тој го црпи својот легитимитет директно од гласот на Албанците, од теренот и од секое маало во Чаир, и низ државата. Додека Изет Меџити е помеѓу својов народ, работи на проекти и води национални политики, кликата на ДУИ – Бујар Османи, Блерим Беџети и Арбер Адеми сонуваат за враќање на хаосот во кој најдобро профитираа. 

ДУИ е симбол на минатото, на Мијалков како „златен партнер” и на Будимпешта како адреса за спас. 

ВЛЕН е силата на промената која на 9 мај се обединува во една челична тврдина за да стави крај на политичкиот застарен модел на Ахмети. 

На 9 мај, одговорот ќе биде дефинитивен. Времето на неказнивост за „недопирливите” слуги на Мијалков заврши.

Можете да прочитате

Крадец се заглавил на портата на црква во Кочани

Возач на мотор повреден по сообраќајка во Бутел

Судски полицаец ѝ се заканувал на јавна обвинителка