Утрински Весник
Македонија

Министерот Љутков на „Денови на македонската култура” во Брисел

688157637 1446725214154664 3572450706241866842 n.jpg

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков престојува во Брисел каде што вечер ќе има обраќање пред почетокот на концертот на Оркестарот за џез-музика, кој е дел од програмата на манифестацијата „Денови на македонската култура” во Белгија.

Публиката на концертот, што ќе се одржи во престижната сала „Бозар” (Bozar) во Брисел, ќе има можност да ужива во уникатен музички спој на македонската традиција и современиот џез-израз.


Манифестацијата „Денови на македонската култура”, на која македонската уметност се  претставува пред европската публика во најрепрезентативно издание, започна на 2 мај со настапот на Балетот при Националната опера и балет во Антверпен, а вчера програмата продолжи во киносалата „Синема галерис” (Cinema Galeries) во Брисел со проекција на филмот „Исцелител” во режија на Ѓорче Ставрески. До крајот на годината, манифестацијата ќе биде заокружена со изложба на теракотни икони од Виница во Европскиот парламент.

Манифестацијата „Денови на македонската култура” претставува исклучителна можност за промоција на богатото културно наследство и современото уметничко творештво на Македонија на меѓународната сцена. Оваа престижна манифестација се реализира и организира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

Можете да прочитате

Мицкоски: Како Влада бараме генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво

„Охрид SOS“: Наместо зелени површини, жителите на градот добиваат бетон

Поднесени кривични пријави против родителите на малолетничките што нападнаа девојче во Ѓорче Петров