Утрински Весник
Балкан

Туризмот донесе 10 милијарди долари во првиот квартал од 2026 година: Туркије и натаму е една од најпосетените дестинации

Foto 2 antalija.jpg

Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во однос на истиот период од минатата година. Овие резултати се остварени во услови на комплексни геополитички случувања, кои имаат негативно влијание на туристичкиот сектор.

„Минатата година се соочивме со слични глобални случувања и регионални неизвесности. И покрај тоа, ја завршивме 2025 година со 64 милиони посетители и туристички приходи од 65,2 милијарди долари. Бројките јасно покажуваат дека Туркије не е само силна дестинација во туризмот, туку поседува и висок капацитет за управување со кризи. Ќе продолжиме по нашиот пат оваа година со истата решителност и искуството што го стекнавме“, истакна министерот за култура и туризам на Туркије Мехмет Нури Ерсој.


За постигнувањето на планираните резултати се очекува да придонесат и бројните културни и спортски настани што ќе се одржат во Туркије, особено во Истанбул. Овие големи настани го зајакнуваат угледот на земјата како сигурна и привлечна глобална туристичка дестинација.

„Истанбул ќе се врати во календарот на Формула 1 со Големата награда на Туркије од 2027 година. Финалето на УЕФА Лигата на Европа ќе се игра во Истанбул на 20 мај. Стадионите и концертните сали во Истанбул се домаќини на настапи на меѓународни ѕвезди, а гледаме десетици илјади европски, руски, блискоисточни и азиски посетители како доаѓаат во нашата земја за да присуствуваат на овие настани“, додаде министерот Ерсој.

Во првите три месеци од годината, „просечната потрошувачка по ноќ од посетителите“ во Туркије изнесува 102 американски долари, што претставува зголемување од 2,8%, во однос на 2025, кога изнесуваше 99 американски долари. Во првиот квартал од 2026 година, најважните пазари за Туркије биле Германија, Руската Федерација и Бугарија, со 678.000 германски посетители, 651.000 руски туристи и 539.000 посетители од Бугарија.

Можете да прочитате

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10

Вучиќ: Некои мислат само на својот џеб, а јас мислам на народот

(Вознемирувачко видео) Врзал куче за автомобил и го влечел по улица во Шибеник