Утрински Весник
Македонија

Понеделничкото утро повторно ни носи мразеви, потоа нагло ќе затопли

Meteoalarm.mk 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес недела 3 Мај 2026 особено во претпладневните часови ќе имаме повеќе облачност  и особено во западните  и во југозападните предели ќе има локални врнежи од дожд а на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има повремен снег. Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намалува.Во Скопје  и околината денес недела 3 Мај 2026 во претпладневните часови ќе има услови за повремен локален дожд.


Во текот на денешниот ден недела 3 Мај 2026 исто така ќе продолжи да дува умерен до повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.

Максималните дневни температури во Македонија денес недела 3 Мај 2026 ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени  а во Скопје  и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 19 степени.

Сепак, доста ладно и зимско мајско утро ќе имаме  и во понеделник 4 Мај 2026 кога времето ќе биде ведро и без некој изразен ветер  и со појава на мраз  и на слана на повеќето места во Македонија кога температурите на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 6 степени. Во Скопје  и околината утрото во понеделник 4 Мај 2026 исто така ќе биде доста ладно кога температурата на воздухот ќе се спушти до околу 0 степени.

Преку денот пак во понеделник 4 Мај 2026 ќе имаме забрзано затоплување на времето и брз пораст на температуреите на воздухот и тогаш максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени а во Скопје  и околината исто така во понеделмник 4 Мај 2026 максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 23 степени.

Во Понеделник 4 Мај 2026 времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала локална облачност а ќе дува  и слаб до умерен ветер од променлив правец. Тоа значи дека ќе бидеме под влијание на стабилна, сува и на потопла воздушна маса од југ.

Можете да прочитате

Бујар Османи во посета на Брисел

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда

Здравковска од ЛДП: Пржино заврши – треба систем, а не функции