Утрински Весник
Македонија

Судот ги доставил сите податоци: Македонија подготвена за екстрадиција на Никола Груевски

607210260 1431244648364795 4652656454708123218 n.jpg

Сите документи потребни за екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски се доставени до Министерство за правда, потврдиле за Телма од Основен кривичен суд Скопје.

Од Министерството побарале од Судот да ги достави сите промени кои би можеле да влијаат на постапката за екстрадиција, по што биле испратени потребните одговори и документација. Во моментов против Груевски сè уште се водат и активни, но и веќе завршени судски процеси.


Министерот за правда Игор Филков пред два дена изјави дека се чека формирањето на новата влада во Унгарија, за тамошните институции да бидат официјално известени дека Македонија е заинтересирана за враќање на Груевски, кој таму има политички азил. Новата влада треба да биде конституирана на 9 мај, Денот на Европа.

По изборната победа, Петер Маѓар, кој се очекува да стане нов премиер на Унгарија, најави дека ќе иницира екстрадиција на Груевски и порача дека земјата нема да биде депонија за странски криминалци.

Сепак, според правни експерти, азилот на Груевски не може да биде укинат преку ноќ, а додека трае тој статус, екстрадицијата не е возможна.

Не се исклучува ниту можноста Груевски веќе да има унгарско државјанство, што дополнително би ја усложнило постапката.

Доколку биде вратен во Македонија, Никола Груевски треба да издржи затворска казна од десет и пол години за предметите „Насилство во Центар“ и „Плацеви на Водно“, додека во отсуство му се суди и за случаите „Титаник“ и „Талир 2“.

Можете да прочитате

Полициска акција во Скопје: Еден мотоциклист лишен од слобода за безобѕирно возење

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид

ВЛЕН: Кој од ДУИ денес има интерес, и колку е платен, за да брани босанска фирма која со години не градела ништо, а чинела милиони?