Утрински Весник
Скопје

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

20260501153030 big 730x400 82.webp.webp

Европското движење во Република Северна Македонија го организира традиционалниот планинарски марш на Водно – настан повеќе од три децении по повод Европскиот ден на знамето во рамките на чествувањето на Денот на Европа и претставува препознатлива форма на заедничко одбележувањето на европските вредности. Се стартува од „Европска куќа“ во девет часот, соопштија од Европското движење.

Во „Европска куќа“ во Скопје ќе се одвива и симболична размена на македонското и европското знаме. На планинарскиот марш се очекува да се приклучат планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

– Искачувањето на Водно е симболичен чин на соработка меѓу Делегацијата на Европската Унија и Европското движење во Република Северна Македонија, што ја отсликува заедничката определба за напредок, остварување заеднички цели и градење пријателства. Иако целта на искачувањето е врвот, сакаме да нагласиме дека тој може да се достигне на различни начини. Секоја желба за движење нагоре, дури и со неколку чекори, претставува значаен придонес. Маршот традиционално ги обединува пријателите на Европското движење, планинари и граѓани – се додава во соопштението. 

Можете да прочитате

Меџити: Улицата „Фаик Коница” во Дижон доби сосема нов лик

Хоџа: Завршен проектот на Дижонска 15, МЖСПП продолжува со инвестиции во водоводната и канализациската инфраструктура во Чаир

Станарите од „Антон Попов 1“ исплашени за безбедноста поради ископот за подземната сообраќајница