Утрински Весник
Македонија

Преку „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа поминале 14.000 патници

Granica bogorodica 1000x600 1.jpg

Во изминатите 24 часа, вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на граничниот премин „Богородица“ на пат кон Грција, информираат од Министерството за внатрешни работи.

До 10 часот утринава се регистрирани околу 3.000 македонски државјани кои оствариле излез од овој граничен премин, а останатите 11. 000 се државјани на други земји.

Застој на граничните премини на југоисточниот дел од државата, кон соседна Грција не е забележан од македонска страна, а од МВР велат дека од нивна страна се преземаат мерки со ставање на функција на сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

Корисници на социјални мрежи пријавуваат различни искуства – од брзо поминување на границата до чекање од околу еден час, при што најголеми задржувања има кај автобусите.

Најголем застој има кај автобусите, кои ова утро можеа да се забележат во голем број на граничниот премин „Богородица”. Зголемениот сообраќај за излез од земјава низ граничните премини кон Грција е очекуван поради празничниот продолжен викенд. Подолг застој на границите се забележува и во останатите викенди, поради примената на ЕЕС регулативата која стартуваше на 10 април.

Можете да прочитате

Кекеновски: Каде се парите од ,,Рекет”?

Жена нападнала и ограбила скопјанец

Зајкова за Први мај: Наполнете гориво на време „имам чувство“ дека цената ќе оди нагоре