Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Работничките права и почитта кон трудот се основа на праведно општество

Gerasimovski.webp.webp

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество.

„Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој што искрено верува во социјалдемократските вредности, цврсто стојам на ставот дека економскиот напредок мора да оди рака под рака со социјалната правда. Секој работник треба да се чувствува безбедно и заштитено на своето работно место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван,” порача Герасимовски.


„Во Општина Центар остануваме посветени на политиките што го мотивираат и поддржуваат работникот, бидејќи луѓето се нашиот најголем капитал,” додаде градоначалникот.

Можете да прочитате

Градежен шут се исфрла среде населено место во Ченто

Нови инвестиции во пумпните станици на Општина Илинден

100 електрични автобуси, БРТ и 520 нови паркинг места за скопскиот сообраќај