Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Реформите да бидат инклузивни, одржливи и со конкретни резултати

Image 2026 04 30 204452976.png

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска бил одржан состанок посветен на реформската агенда, на кој биле разгледани клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување.

Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека учесниците на состанокот се согласиле оти реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати со позитивно влијание врз граѓаните, при што биле предложени и конкретни чекори за унапредување на процесите, како и временска рамка за нивна имплементација.


– Денес одржавме состанок посветен на реформската агенда, при што се разгледаа клучните приоритети и насоки за понатамошно дејствување. Во текот на дискусијата беа истакнати потребите за подобрување на институционалната ефикасност, зголемување на транспарентноста и зајакнување на механизмите за отчетност. Учесниците се согласија дека реформите треба да бидат инклузивни, одржливи и насочени кон конкретни резултати кои ќе имаат позитивно влијание врз граѓаните, вели Мицкоски.

Според него, состанокот завршил со заклучок дека е потребна континуирана координација и следење на напредокот за успешна реализација на реформската агенда.

Можете да прочитате

„Гоце Делчев е светиња“ – Петровска се огради и испрати силна порака

Ѓорѓиевски до властите: Кратете од луксузи, не од „зрнцето“ надеж за најранливите

Од мозочен удар до отказ: Тримчески ја откри животната голгота