Утрински Весник
Свет

Украина вели дека нејзини дронови погодиле една од најголемите руски рафинерии за нафта

Dron.webp.webp

Украински дронови ја погодиле рафинеријата за нафта Лукоил-Пермнефтеоргсинтез во близина на рускиот град Перм, која се наоѓа на повеќе од 1.500 км од украинско-руската граница, објавија украински медиуми.

Бронтовите биле управувани од Центарот за специјални операции Алфа, се вели во соопштението на Службата за специјални операции (СОС).


Лукоил-Пермнефтеоргсинтез е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија и има капацитет за преработка на околу 13 милиони тони сурова нафта годишно. Објектот обезбедува гориво и за цивилниот сектор и за руската војска.

Според прелиминарните информации, нападот оштетил клучен објект за преработка на примарна нафта.

Дополнително, има извештаи дека втор ден по ред била погодена и линеарната станица за производство и дистрибуција во Перм, која го снабдува Лукоил-Пермнефтеоргсинтез со нафта. И двата удари предизвикале пожари.

Во меѓувреме, руските власти соопштија дека е изгаснат голем пожар во рафинерија за нафта во рускиот пристанишен град Туапсе, кој избувна во вторникот во напад со украински дрон.

Можете да прочитате

Брод погоден во Ормутскиот теснец

Нов опасен тренд: Криминалци регрутираат тинејџери преку социјални мрежи за убиства

Кенеди Помладиот: САД погрешија во одговорот на Kовид-19, потребна е промена на здравствената политика