Утрински Весник
Македонија

ЛДП гледа напред: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Monika zajkova 1.jpg

Соопштение за јавнот на ЛДП:

Додека политичката сцена е заглавена во застарени пазарења за технички влади и министерски фотелји, Либерално-демократската партија (ЛДП) останува единствената опозициона партија која нуди решенија кои водат кон иднината, а не кон нов административен хаос.


Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, упати јасен повик до Собранието: Време е да се стави крај на скапиот „Пржински театар” и фокусот да се префрли на електронско гласање и биометриска идентификација.

„Во 21 век, во ера на тотална дигитализација, ние сè уште дебатираме како да вдомиме нови партиски функционери под изговор за фер избори. Техничката влада стана парада на суети и извор на вонредни трошоци во држава каде граѓаните едвај ги преживуваат инфлаторните шокови. Технологијата не може да се поткупи, не може да се уцени и не познава партиска книшка. Тоа е единствениот лек против изборните малверзации”, стои во ставот на ЛДП.

Партијата потенцира дека наместо да се трошат милиони евра на дополнителни заменици и началници кои само го парализираат системот пред избори, тие средства мора да се насочат кон граѓаните и економијата.

„Аман веќе од функции на грбот на најсиромашниот народ. ЛДП нуди системско решение во работната група за Изборниот законик – да го затвориме ова прашање модерно, европски и економично. Македонија заслужува ефикасен систем и заштитени гласачи, а не политичко парадирање додека џебот на граѓанинот е сè поплиток”, порачуваат од ЛДП.

Можете да прочитате

Кривична пријава за екс претседател на Стоматолошка комора на Македонија

Петровска: Дали уапсениот директор на Инспекторатот за земјоделство парите од поткуп ги носел кај министерот?

ДУИ: Бараме итна истрага за Латифи за штетата од шест милиони евра МЕПСО