Утрински Весник
Македонија

Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на скопјанец

Marihuana 2.jpg

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во подрумска просторија во Аеродром која ја користел осомничениот 49-годишник, полициски службеници пронашле вкупно 108.61 грама марихуана, 66.9 грама психотропна супстанца – амфетамин и синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 210.5 мл.


Освен тоа, биле пронајдени и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална трговија со дрога, како и две дигитални ваги со траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство и доказите кои упатуваат на тоа дека би можел да продолжи да врши неовластена продажба на дрога.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар, повредени три лица

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Собранието – има и повредени лица

Препораки како да се заштитите од високите температури