Утрински Весник
Балкан

Предвремени избори на Косово, Парламентот не успеа да избере нов шеф на државата

20260429083110 big 730x400 87.webp.webp

Косово се насочува кон нови предвремени избори, откако Парламентот не успеа во предвидениот рок да избере нов претседател на државата.

Синоќа на полноќ истече рокот што Парламентот го имаше за избор на шеф на државата. Мандатот на претседателката Вјоса Османи истече на почетокот на април, а премиерот Албин Курти не успеа да обезбеди поддршка од опозициските партии за својот кандидат.


За изборот да биде валиден, потребно е присуство на две третини од пратениците во 120-члениот парламент. Неизборот на нов претседател води кон распишување предвремени парламентарни избори.

„Врз основа на одлуката на Уставниот суд, Парламентот се смета за распуштен“, изјави синоќа на полноќ претседателката на Собранието и вршителка на должноста претседател Албулена Хаџиу.

Се очекува таа наскоро да го соопшти датумот на изборите. Тоа ќе бидат трети избори за нешто повеќе од една година.

Можете да прочитате

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби во училиштата

Грција ги „помилува“ возачите: Новите правила за прва помош одложени за 2027 година

Ранети неколку лица во Атина