Утрински Весник
Балкан

Пијан маж праќал лажни дојави за бомби во училиштата

Policija Police Pixa.jpg

Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба е одговорен за лажна пријава за експлозивна направа поставена во две училишта во Дубровник денеска, соопшти Полициската управа Дубровник-Неретва, објавија локалните медиуми.

Тој ја дал лажната пријава по телефон околу 12 часот и против него е во тек полициска акција.


„По приемот на пријавата, веднаш беа испратени полициски службеници на терен, кои извршија инспекции на образовните институции, по што беше утврдено дека пријавите се лажни“, според полицијата.

Денеска беа евакуирани ученици од основно училиште на Лапад и на Мокошица.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31