Утрински Весник
Македонија

ФБИ трага доведе до Тетово: Уапсени двајца за нелегален онлајн пазар, запленети компјутери и телефони

683780882 1265738155736709 6214454097272953666 n.jpg

Во координирана меѓународна акција, Министерство за внатрешни работи преку Секторот за компјутерски криминал, постапувајќи по првични информации добиени од Federal Bureau of Investigation, разби нелегален онлајн пазар познат како „OLVX“, а во тетовско Голема Речица приведени се две лица осомничени дека биле негови администратори.

Според информациите, онлајн платформата била активна од јули 2023 година и функционирала преку повеќе интернет домени. Истражителите утврдиле дека содржела детална база на компромитирани лични податоци за регистрација на сметки на клиенти и продавачи.


Во системот биле евидентирани над 2.600 кориснички сметки и повеќе од 1.500 сметки на продавачи, додека вкупната продажна вредност на артиклите надминувала 500.000 американски долари.

Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Тетово, бил извршен претрес во село Голема Речица кај осомничените А.Е. (20) и А.И. (23), македонски државјани.

За време на акцијата, тие биле затекнати на лице место при вршење на кривично дело за кое се сомничат, по што веднаш биле лишени од слобода.

При претресот полицијата одзела десктоп компјутери, лаптопи и мобилни телефони, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа и ќе служат како доказен материјал во постапката.

Од МВР информираат дека истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот, идентификација на сите инволвирани лица и обезбедување дополнителни докази согласно законските процедури.

Можете да прочитате

Нови детали: Насилничките од Ѓорче малтретирале и други девојчиња

Одбраната на Деко бара укинување на притворот, родителите на жртвите гневни

Македонското еколошко друштво ќе спроведува нов амбициозен европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион