Утрински Весник
Свет

Путин: Обидите за сеење раздор во руското општество нема да успеат

1777320923 putin.webp.webp

Оние кои сакаа да посеат раздор и да го разнишаат руското општество згрешија, бидејќи не ја разбираат Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред Советот на законодавци.

Тој истакна дека Русија е соочена со предизвици без преседан и мора достоинствено да ги надмине, но не смее да се фокусира само на забраните.


– Нашиот политички систем, сите гранки и нивоа на власта, вклучително и парламентарната институција, ја докажаа својата цврстина и стабилност, својата вистинска сувереност, подготвеноста да се борат за виталните интереси на татковината – рече Путин.

– Вишокот бариери го запираат развојот. Тоа се сè привремени, преодни појави. А Русија е вечна. И нашето законодавство мора да биде флексибилно, динамично, прогресивно, насочено кон иднината – додаде тој.

– На притисокот, заканите, отворено агресивните напади против Русија, нашиот народ одговори со сплотеност и цврстина, а државата – преку брзо донесување одлуки, вклучително и на законодавно ниво. Ако некој мислел дека повеќепартиската демократија, со нејзините разлики во позициите, пристапите, конкуренцијата е нашата слаба точка, дека може да внесе раздор, да го разниша општеството, тогаш тој некој, секако, згрешил. Затоа што тој едноставно не ја познава и не ја разбира Русија, не го разбира нашиот народ – истакна Путин.

Според него, законодавниот процес мора да биде системски и креативен, насочен не само кон адаптација кон актуелните предизвици и ризици, кои понекогаш се без преседан и мора достоинствено да бидат надминати.

– Сепак, не смееме да се фокусираме само на забрани, ограничувања, изработка на нови казни за прекршителите. Тоа е контрапродуктивно – додаде тој.

– Предизборната кампања мора да помине во строга согласност со законот, за нејзините резултати да бидат транспарентни, сигурни и безусловно легитимни, да ја одразуваат волјата на нашите граѓани – рече уште Путин и додаде: „Тоа секогаш е исклучително важно, а во сегашната ситуација тоа е особено важно, бидејќи создава стабилна платформа за власта и за донесување на неопходните, навремени одлуки во интерес на нашиот народ“.

Оваа година во Русија ќе има парламентарни избори.

Можете да прочитате

Израелски министер повторно се закани со уништување на Газа

„Алибаба“ претстави нов чип за вештачка интелигенција и најави значително поголем модел

Светските лидери се собираат во Њујорк: Војните, климата и вештачката интелигенција пред Обединетите нации