Утрински Весник
Македонија

Халкбанк предупредува за онлајн измама со цел злоупотреба на лични и финансиски податоци

Halkbank.webp.webp

Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека на 27 април 2026 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажна онлајн анкета, која се дистрибуира во име на банката.

Станува збор за злонамерна кампања во која од корисниците се бара да внесат податоци за своите платежни картички и лични информации, со цел нивна злоупотреба. Анкетата не е поврзана со Халкбанк и претставува обид за измама.


Банката апелира до јавноста да не кликнува на вакви содржини, да не внесува лични или финансиски податоци и да биде особено внимателна при вакви пораки и линкови.

Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку анкети или неофицијални канали. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.

Доколку клиентите веќе ги имаат внесено своите податоци, потребно е веднаш да се обратат во Контакт центарот на банката на телефон 02 3296 330, кој е достапен 24/7 или преку help24@halkbank.mk, со цел навремено преземање на соодветни мерки.

Можете да прочитате

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието