Утрински Весник
Македонија

13 годишно дете нападнато од поголема група малолетници во Аеродром

Policijanokje.jpg

На 26.04.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријави дека неговиот 13-годишен син, додека бил со петмина свои другари, на 25.04.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од поголема група малолетници, при што бил употребен и тврд предмет, а еден од напаѓачите настанот го снимал со мобилен телефон.

Исто така, другар на нападнатиот малолетник, пријавил дека напаѓачите се обиделе и него да го нападнат, при што еден од нив извадил и нож.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Можете да прочитате

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на пари